Вкупно 21.425 решенија за изолација се издадени на позитивни на Ковид 19 и нивните контакти

by Fokus

Во периодот од 16 март до 7 јули издадени се вкупно 21.425 решенија од кои 6.166 решенија за лица кои се ставаат на домашно лекување и изолација поради позитивен тест на SARS -Cov2 и 15.285 решенија за лица кои биле во контакт со лица позитивни на вирусот, потврди за „Фокус“, доктор Ирина Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

„За целиот овој период додека трае Ковид 19 од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршени се вкупно 2.186 вонредни инспекциски надзори во здравствени установи и констатирани недостатоци во 24 објекти по однос на резерви и користење на лична заштитна опрема од страна на вработениот персонал – истакна Бухова.

Исто така, во истиот период извршени се и 348 надзори во други објекти на надлежност на ДСЗИ и констатирани недостатоци во 16 објекти по однос на резерви и користење на лична заштитна опрема од страна на вработениот персонал.

И.М.

 

Поврзани новости