ММФ: Велика Британија ќе избегне рецесија

by Fokus

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека Велика Британија годинава ќе забележи раст од 0,4 отсто, додека минатиот месец покажа песимизам, проценувајќи дека британската економија ќе падне за 0,3 отсто оваа година.
Новата оптимистичка прогноза е резултат на стабилната побарувачка во комбинација со падот на цените на енергијата, се наведува на веб-страницата на ММФ.

„Инфлацијата во Велика Британија е постојана и останува на високо ниво, а економската активност е значително забавена во споредба со минатата година“, стои во извештајот на ММФ.

ММФ советува да се продолжи со строга монетарна и фискална политика, со заштита на јавните служби и ранливите членови на општеството. Оваа организација претпоставува дека британската економија ќе порасне за еден отсто во следната година, а за два отсто во 2025 и 2026 година.

„Банката на Англија сака да ја потисне инфлацијата во земјата под два отсто, но тоа нема да успее до средината на 2025 година“, заклучува ММФ.

Поврзани новости