Уставниот суд на денешната 20. седница на која се дискутираше по три иницијативи, одлучи да нe се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство во целина и посебно оспорените член 4 став 2 и член 29 ставови 2 и 3 од означениот закон.
„Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на: указ за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр.08-1411/1 од 16 февруари 2020 година; член 110 ставови 1, 2 и 3 и член 113 од Закон означен во точката 1 од ова решение и деловите на иницијативите со кои се бара меѓусебна оцена на согласноста на означените акти во точката 1 и точка 2 алинеи 1 и 2 од ова решение со одредбите од Деловникот на Собранието и одредбите од Деловникот за работа на Владата“, соопшти Уставен суд.
„Што се однесува до прашањето на донесувањето на Законот за јавното обвинителство, од направената анализа произлезе дека оспорениот Закон е донесен со потребното двотретинско мнозинство“, соопшти Уставниот суд.
Судот ги отфрли наводите за испитување на уставност на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство, бидејќи не претставува претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот.