Светска банка нема целосно да го запре кредитирањето на Македонија, но информира дека заемот, одобрен во јануари, државата ќе го добие по одржувањето на парламентарните избори.
“Средствата наменети за првиот Проект за подобрување на општинските услуги моментално се исплатуваат на општините во Македонија, вклучително и компонентата од ИПА Руралниот инвестициски фонд, потпишан со Европската Унија во 2014 година. Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) ќе стапи во сила по завршувањето на парламентарните избори во земјата”, соопшти Светска банка.
Станува збор за заем од 28 милиони евра предвиден за 57 општини во Македонија. Парите се предвидени за инвестиции во инфраструктурата или изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга општинска инфраструктура.