289
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска отфрли можност за почеток на мировни преговори со Русија.
-Тоа нема и нема да има – порача Зеленски на прес-конференцијата по состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Зеленски ги негира наводите дека некои западни земји му вршат притисок да започне преговори со Русија.
-Денеска никој не ме принудува на ништо. Тоа беше на почетокот на војната и пред неа – рече Зеленски.
Тој нагласи оти клучен проблем во моментот е контролата на небото од Русија, а решение за тоа гледа во набавка на ловци Ф-16.
Зеленски призна дека војната на Блискиот исток го свртела вниманието од Украина, но истовремено изрази надеж дека борбите меѓу Израел и Хамас наскоро ќе завршат.