Нема кривична пријава, но обвинителството ги следи информациите за надзорот на автопатите

by Фокус

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со внимание ги следи сите информации и изјави поврзани со Бехтел и Енка и фирмите кои треба да ѝ бидат надзор во изградбата на автопатиштата низ Македонија, велат од таму, додавајќи дека доколку утврдат дека постои незаконие, веднаш ќе постапат.

„Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе биде поведена соодветна постапка. Воедно, сите субјекти кои имаат информации или докази за сторено кривично дело, имаат обврска тоа да го пријават до надлежното обвинителство. До овој момент, до обвинителството не е доставена кривична пријава со такви наводи“, велат од обвинителството предводено од Ислам Абази.

Шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, синоќа изјави дека дека допрениот глас е еден од институтите за покренување на постапка, додека, како што истакна, за конкретниот случај надлежно е обвинителството на Абази.

Поврзани новости