Нема избори без кредибилен список и регулација на медиумите

by Фокус

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа од Куманово порача дека СДСМ е спремен за избори.

– Јавно упатувам порака до сите, СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни за кои што сме убедени дека промените ќе се случат. Македонија е подготвена за промени, но на Македонија не и прва цел опозицијата да ја промени власта, туку прва неприкосновена цел се кредибилни избори како гаранција за кредибилна и добра иднина на сите граѓани во Р. Македонија, рече Заев во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ каде СДСМ презентираше дел од својата партиска програма.

Заев потенцираше дека СДСМ ќе опстои до крај за да се случат регуларни, фер и демократски избори. Без прочистен Избирачки список и без регулација на медиумите, потенцира Заев, нема да има избори.

Очекува ДИК да даде одговор дали процесот на проверка на Избирачкиот список е кредибилен и да дадат јасно соопштение и рокови по кои ќе се прочисти, како и да одговорат дали РМ за изборите на пети јуни ќе добие веродостоен, односно кредибилен избирачки сисок.

Поврзани новости