Љупчо Палевски – Палчо кој е осомничен дека е организатор и извршител на двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, не е во Бугарија, пренесува „Слободен печат“ информација од бугарското Министерство за внатрешни работи.
Информацијата дека Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
– Нема информации дека по ова лице се трага во Бугарија или дека се бара со меѓународна потерница. Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија – соопшти бугарското МВР.
Според информацијата на Спасовски, осомничениот Палевски по убиството на Вања, со автомобил заедно со својот адвокат тргнал до Белград, од каде следниот ден заминал во Бугарија.
На страницата на Интерпол се уште не е издадена меѓународна црвена потерница по Палевски, како барано лице за двојно убиство во Македонија.