554
Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека невакцинираните деца не треба да одат во училиште, ниту во градинка бидејќи, како што посочи, индивидуалното добро неможе да биде пред колективното.
– За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени, истакна Царовска.