Катица Јанева реши да даде изјава

by Fokus

Денеска, со почеток во 13 часот, во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе даде изјава.

Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење. Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок.

Поврзани новости