Нема државна помош за компаниите кои ќе отпуштат вработени

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски во вчерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека компаниите кои ќе отпуштат вработени нема да имаат право на државната помош за надминување на кризата поради корона вирусот.

-Во првиот сет на мерки во којшто има можност тие да бидат ликвидни со тоа што би земале кредит од Меѓународната банка за поддршка на развојот со нула проценти камата е за да можат компаниите овој период да го пребродат. Имаме следна мерка која ќе се утврди, а тоа е помош на компаниите со обезбедување на минимална плата на работниците. И тоа е таа предвидливост која што ќе им ја дадеме во наредните два месеци во април и во мај да се помогне на стопанството. Ќе се утврдат точни критериуми кои се тие фирми компании коишто ќе можат да ја искористат оваа поволност, рече Спасовски.

Поврзани новости