Градоначалникот на Велес нема корона вирус

by fokus

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и неговото семејство се негативни на тестот за корона вирус.

-Драги ФБ пријателки и пријатели. Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни. Ви благодарам за вниманието, грижата и за големата поддршка. Посакувам и резултатите на сите други да бидат негативни.
Вам и на Вашите најмили ви посакувам добро здравје. Ќе помине и ова.Чувајте се, напиша Коцевски.

Тој и неговото семејство беа во изолација, откако неговата сопруга како матичен лекар имала контакт со двајца заболени.

Поврзани новости