661
Индискиот врховен суд ја одбил понудата Субрата Рој да оди во домашен притвор, јавуваат тамошните медиуми.
Субрата Рој е во притвор уште од февруари, поради проблемите што ги има неговата компанија со индиската Комисија за хартии од вредност која го обвини за парабанкарство, односно дека надвор од банкарскиот систем собирал ситни депозити од околу 30 милиони Индијци. Комисијата во неколку наврати бараше тој да ги врати парите на „штедачите“, меѓутоа Рој тоа не го направи.
Индискиот бизнисмен најави инвестиции во Македонија во вредност од неколку стотини милиони евра. Повеќе за проблемите на Рој со индиската држава прочитајте на следниот линк.