Иако денешниот ден е предложен како краен рок тешко денеска да дојде до договор за Грција. Министрите за финансии од еврозоната не успеаја да се договорат дали да одобрат нов спасувачки заем на Грција во замена за реформите кои Атина ги ветува и ќе ги обноват преговорите денеска околу пладне. Неколку министри изразија скептицизам дека Грција ќе ги исполни ветените реформи. Тековните веќе неколку месеци напнати преговори со Атина за спасувачкиот план сериозно ја прекршија довербата меѓу двете земји.
Инаку, како што пишува „Фокус“ во новиот број драмата во која влезе нашиот јужен сосед е своевидна комбинација на неодговорноста на политичките елити, стимулираната растрошност на грчките граѓани, но и „слепилото“ на кредиторите кои едноставно мижеа пред случувањата во државата.
Во нашата анализа напишавме дека политичкиот капитал од грчкото НЕ може и пет пари да не му вреди на Ципрас, доколку во следните неколку денови не покаже вистинска волја за решавање на должничката криза