Френетичната антиквизација, очаен обид за национално ребрендирање

by Фокус

Познатата историчарка Марија Тодорова смета дека македонскиот барок влезе во стапицата на национализмот. Таа говореше за историските и култиуролошките моменти на СК2014.

Тодорова говореше за своите истражувања и анализи на историографијата и на типологијата на национализмот, а особено државно спонзорираниот национализам, се осврна на концептот за т.н. „слаб национализам“. Користејќи ја компаративно оваа аналитичка категорија, таа го толкува национализмот во Бугарија и во Македонија како два примери – студии на случај, во рамките на балканскиот, европскиот и глобалниот контекст.

– Мојот втор пример за слабост (освен Бугарија) е Македонија во сегашно време. Архитектонските градби кои требаше да ја издигнат нацоналната гордост, убавиот главен град, од класичен го претворија во она што сега е познато како „македонски барок“ ги содржат сите стапици на национализмот. Би се очекувало дека силата, ентузијазмот гордоста ќе бидат најсилни кај првата генерација националисти по стекнувањето на независност на државата, но мислам дека не е така. Македонија е мала земја, маше неколку критични моменти во својата кратка истоија од осамостојувањето и иако тоа не е сосема точно, распострането е верувањето дека македонскиот територијален интегритет е под закана и од она што го гледам и го читам може да се види дека меѓу Македонците има чуство на несигурност. Како резултат на тоа артикулацијата на македонскиот национализам е екстремно дефанзивна. И френетичната антиквизација, според пишувањата на повеќе антрополози, е знак на очаен обид за национално брендирање во рамки на современиот неолиберален капитализам. Заради слабите институции, недостигот на помош од страна и културната несигурност – на дело е екстемен национализам. Мислам дека македонската нација во контекст на граѓанство е се’ уште во развој – рече Тодорова.

Поврзани новости