Земјава во декември нема да добие датум за преговори со ЕУ, ниту во првата половина на следната година, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски откако на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност во Вашингтон, разговарал со европски делегати.
Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јануари-јули 2022 година.
Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, напиша Милошоски на Фејсбук.