Нема да Ви помине!

by Фокус

Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа и остануваат на барањата доставени на 12 декември, од кои првото е ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ!

„Одбиваме да бидеме предмет на манипулации со цел да се амортизира незадоволството на илјадници граѓани кои протестираа и бараа укинување на законите откако беа соочени со откази, намалувања и доцнења на приходите. Затоа остануваме на најавата за протести на 13 февруари, петок во 14 часот“ велат од повелбата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека до Собранието ќе достави предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Станува збор за популарно наречениот Закон за хонорарците кој што од 1. јануари годинава ги задолжуваше сите оние кои што ќе добијат хонорар над 9.500 денари, без разлика дали се вработени или не, да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, покрај персоналниот данок.

– После подолги консултации со повеќе надлежни државни институции, но и после длабока анализа на сите аспекти и забелешки на повеќе граѓани, организации и претпријатија, Пратеничката група подготви предлог со кој би се одговорило позитивно на барањата, но во исто време не би се изгубила главната цел и праведност на претходните измените на законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Олеснување е што придонеси ќе се плаќаат само на износот кој го надминува прагот од 9.590 ден (за невработените лица), односно прагот од 21.300 ден (за вработените и пензионерите). Ова значи дека лицата кои не се вработени, а остваруваат приходи по основ на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и минималната плата. Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи по основ на договор придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и просечната нето плата.

Поврзани новости