Еврокомесарот Хан испрати силна порака до Македонија. Нема да прифатиме Влада ако нема фер изборен процес,
-Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договрот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам дека можам само да ги повикам сите партии, исто и цивилното општество, но особено политичките партии, да се вратат на преговарачка маса и да останат посветени на евроатланската перспектива на земјата, нагласи еврокомесарот, одговорајќи на прашање од Обединетата македонска дијаспора.
Ова треба да го разберат сите, смета Хан.
-Ако не работат заедно, ако не се фокусирани на тоа да се одржат фер избори, земјата и новата влада, нема да бидат меѓународно прифатени и така да кажам и признати.Ова е од клучно значење и тоа треба да го разберат сите, што е загрозено. Се надевам дека можеме да ја испратиме оваа порака, изјави Хан.