437
МВР информираше дека за новогодишната ноќ, сите прослави на отворено ќе бидат соодветно обезбедени со зајакнати мерки и активности и апелираше до граѓаните да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и да се воздржат од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.
Како што известија од МВР, улиците нема да бидат затворени и сообраќајот ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања. Во врска со прославите на подрачјето на Скопје, СВР Скопје ќе ги обезбедува прославите што ќе се одржат на плоштадот „Македонија“ и скверот „Јадран“, во салата на КК „Работнички“ во Градски парк и во Метрополис арена на Скопски саем.