Нелиценциран електричар ја презеде одговорноста за пожарот во Владата

by lali

Извесен електричар од скопско Влае, Фазомир Каблов денеска преку комунике испратено до медиумите ја презеде одговорноста за минатонеделниот пожар што ја зафати фасадата на Владата. Каблов упати ултиматум до Владата и до ресорното министерство под итно да ги повлечат законските решенија кои предвидуваат лиценцирање на хаусмајсторите.

Во спротивно, Фазомир се заканува дека трајно ќе ги исклучи светлата од фонтаната на Александар Македонски на скопскиот плоштад со што ќе нанесе несогледлива штета врз македонскиот идентитет.

Disklejmer

Поврзани новости