,,Некст тајм” цели осум години снимале албум со преработки на стари песни!

by fokus

Музичкото дуо ,,Некст тајм” информира дека наскоро ќе биде комплетиран нивниот нов албум со преработки на стари македонски песни.
Започнале во 2014 година,, кога ја објавија обработката на песната ,,Ја излези Ѓурѓо”. Потоа следуваа ,,Слушам кај шумат шумите”, ,,Нешто ќе те питам бабо” и ,,Јовка Кумановка”.

-Почнавме во 2014 година со ,,Ја излези Ѓурѓо” и завршуваме со албумот во 2022 година.
Долг временски период на креирање и снимање,но затоа сметаме дека ќе се слуша уште многу подолго – објавија од бендот.

,,Некст тајм” го сочинуваат браќата близнаци Мартин и Стефан Филиповски. Тие се појавија на сцената во 2008 година, и истата година го објавија својот прв албум, составен од новокомпонирани рок песни.

Наредната година ја претставуваа Македонија на Евровизија, а во 2011 година го промовираа вториот албум со авторска музика.

Вики Клинчарова

Поврзани новости