„Некст тајм“ ќе промовираат нов албум кој ќе може да се купи само на промоцијата во хотелот „Мериот”

by fokus

Музичкото дуо „Некст тајм” ја најави промоцијата на новиот албум. Истиот е насловен ,,Мајка” и поддржувачите на нивната музика ќе можат да ја слушнат мини концертната изведба на дел од песните на албумот на седми јуни, во хотелот „Мериот” во Скопје.

Како што информираат, албумот се изработувал долг период под палката на Никола Мицевски, а бил снимен и мастеризиран во ХЛ студио Момировски.

-На албумот има девет композиции, од кои една е бонус трака за песната „Ја излези Ѓурѓо” којашто е во ново руво и во дует со Влатко Лозаноски – Лозано.

Веруваме дека ова е нешто што ќе остане, а албумот „Мајка” ќе може да се купи само на самата промоција, и ќе биде во лимитиран број – информираат од „Некст тајм”, појаснувајќи дека промоцијата која ќе започне од 20 часот ќе биде од отворен тип и секој може да присуствува.

Вики Клинчарова

Поврзани новости