Ламбе Алабаковски ќе си ја проба среќата во фолк музиката!

by fokus

Поп пејачот Ламбе Алабаковски (34) по враќањето од Америка, каде помина околу седум години, се врати во Македонија, и на изненадување на неговата публика, ќе запее фолк песна на реномираниот фестивал на новокомпонирани фолк песни, Валандово 2022.

Песната со која тој ќе настапи на фестивалската вечер во Валандово, на 5-ти јуни (недела) е насловена ,,Нема збогум”. Автор е Миле Барбаровски кој го направил и аранжманот, а пак текстот е на Ѓеорги Барбаровски.

Ламбе беше вистинска тинејџерска атракција кога се појави на сцената во ,,Плеј – Потрага по ѕвезди” во 2004 година.
Постојано имаше настапи и учествуваше на многу фестивали на забавна музика, а во 2010 година победи на ,,Макфест” со песната ,,Не планирам”, а во 2013 година победи и на ,,Скопски фестивал”.
Во 2013 година се ожени со Магдалена, а откако го добија синот Михаил се преселија во Америка.

Додека живееја таму го добија и вториот син Димитриј, а пејачот често изјавуваше дека има добар живот во Детроит, но срцето и душата му останале во Македонија.
Тој се нема огласено дали по враќањето решил да го промени музичкиот правец и да ја продолжи кариерата како фолк пејач, или пак настапот на Валандово Фест е само мала промена во неговиот музички тек.

Вики Клинчарова

Поврзани новости