577
Без електрична енергија утре од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од булевар „Србија“ и дел од улица „Мите Богоевски“, во општина Аеродром.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улица „Никола Русински“ зграда број 4, влез 1 и 2, во општина Карпош.
Без струја од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат и корисниците од улиците 155, 157, 397 и Поликлиника Бит Пазар со објектите во нејзината околина, во општина Чаир.