554
Неколку штандови за книги кои се наоѓаат пред Центарот за култура во Тетово, изгореа во пожар. Не се знае што го предизвикало пожарот кој избувна околу 17 часот, но во негово гасење први се вклучиле граѓани, вработени во околните кафулиња и други дуќани. Тие огнот го гаселе со кофи со вода и ПП апарати.
„Не знам што се случило, ми се јавија само дека има пожар. Штетата е над 10 илјади евра. Изгореа неколку штандови, неколку кутии со книги успеавме да спасиме. Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата“, изјава Мухамед од Нобел книжарница.
Во гасење на пожарот потоа се вклуќиле и пожарникари од Тетово.