Некогашен генерален секретар на НАТО: Крајот на војната во Украина е далеку

by Fokus

Крајот на војната во Украина е далеку, тврди поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, говорејќи пред комисиите за надворешни работи и одбрана на Европскиот парламент.

Расмусен повика да се обезбеди повеќе и потешко оружје за украинските војници. Според него, „наместо да се чека офанзива на пролет, подобро е да се биде подготвен за масивни напади веднаш“.

„Најдобар начин за брзо завршување на војната е сојузниците на Украина да се подготват за долг конфликт. Ова е најдобриот начин да се постигне мир. Ако (рускиот претседател Владимир) Путин успее во Украина, тој ќе оди напред“, посочи тој.

Поврзани новости