Арсовска им праќа инспекција на ракометарите и ракометарките од Ѓорче Петров

by Fokus

Женскиот ракометен шампион на Македонија, екипата на Ѓорче Петров се соочува со проблеми – нема сала за тренирање. Со ваквиот проблем се соочуваат уште неколку клуба кои ја користат салата на училиштето „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров.

Но, нови проблеми им чукаат на врата откако Град Скопје им најави вонреден инспекциски надзор, наместо да бидат слушани нивните проблеми.

„Почитувани, Инспекторатот за спорт на Град Скопје ви одредува вонреден инспекциски надзор на вашиот клуб, а со оглед дека не поседувате административни простории каде би се извршил надзорот, истиот го закажувам во просториите на Домот за култура ‘Ѓорче Петров’, во среда на 01.02.2023 во 19 часот“, пишува во мејлот.

Поврзани новости