Нека Богојавление – Водици ни даде сила, смирение и добра мисла за да се соочиме со сите искушенија кои ни претстојат, порача Пендаровски

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

„И годинава на големиот празник повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. На величествените собири покрај нашите води, како што се полни бреговите со верници така и нашите срца да бидат исполнети со вера, надеж и љубов. Нека Богојавление – Водици ни даде сила, смирение и добра мисла за да се соочиме со сите искушенија кои ни претстојат во годината која штотуку започна и заеднички да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите наши граѓани. Да бидеме грижливи и милосрдни и да си даваме поткрепа едни на други, постојано дарувајќи љубов и ширејќи позитивна енергија.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!“ порача Пендаровски.

Поврзани новости