Неизвесно е дали ќе се одржи за утре закажаното прво рочиште за случајот „Пуч“ во кој обвинет е и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Тој изјави дека не го признава судот и нема да се одзива на неговите покани.
Понатаму, нејасна е ситуацијата по потпишувањето на договорот од Пржино, со кој се предвидува назначување на специјален обвинител кој ќе треба да ја расчисти целата афера со прислушувањето.
Од адвокатскиот тим на четвртообвинетиот Заев, неофицијално велат дека очекуваат одложување поради постигнатиот политички договор, но и да не се случи тоа, Заев најверојатно нема да се појави во судница, пренесува телевизија 24 Вести. Ако Судот не го одложи рочиштетото, тогаш одбраната ќе поднесе официјално барање за одложување.
Главен доказ во предметот „Пуч“ ќе бидат снимките со Заев од кабинетот на премиерот Груевски, кои веќе излегоа во јавноста, а се тајна во постапката. Уште е нејасно како снимки направени со ПИМ мерки успеаја да излезат во јавност.