Денес и утре ден на жалост во Тетово

by Фокус 10:08
10:08

Денес и утре се прогласени за ден на жалост во Тетово по завчерашното невреме во Тетовско во кое загинаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.

Големото невреме кое завчера го зафати Полошкиот регион предизвика и голема материјална штета на приватни и државни имоти, објекти, инфраструктура, земјоделска површина.

- Advertisements -

Владата најави комисија која ќе врши проценка на штетите.

Од вчера функционираат и броевите за донации: 070/075/077 143 400.

Поврзани новости