Општина Неготино ќе го слави завршувањето на учебната година со познатата музичка ѕвезда од соседна Србија, Саша Ковачевиќ. Настанот ќе се случува на градскиот плоштад на деветти јуни, а покрај Ковачевиќ, најавени се гостувањата и на ,,2 Бона”, Таско и јутуберите Steffonator и GP.
-На 9-ти јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов ,,NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на ивент агенцијата ,,Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на ,,NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо ,,2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда – Саша Ковачевиќ. Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително – наведено е во општинското соопштение.
Околу тоа колку средства ќе бидат одвоени од буџетот, но и од спонзорите на настанот, нема информација.
Вики Клинчарова