Неготинчанката Наташа Андонова ќе игра за еден од најпознатите светски женски фудбалски клубови, Пари Сен Жермен.
Таа премина од шведскиот тим Розенгард за кој досега настапуваше и потпиша 6-месечен договор со ПСЖ со можност за продолжување на договорот на уште 2 години.
„Сега официјално го потпишав мојот договор со еден од најголемите клубови во Светот , ветувам дека ќе го дадам најдоброто од мене“ – напиша таа на својот Фејсбук профил пред два дена, по што следеа голем број на честитки за нејзиниот успех.
Договорот бил потпишан во Париз, а Наташа ќе настапува со бројот 15.
Нејзината сестра Сијче исто така е дел од женскиот фудбал. Кариерите и двете ги започнаа во локални клубови, а потоа ги продолжија надвор од земјава.
Играа за македонската репрезентација, но лани се повлекоа и тргнаа во освојување на Европа.
Тогаш изјавија дека има повеќе причини за повлекување, помеѓу кои финансискиот аспект, начинот на кој што се третирани, дискриминацијата, но и неинвестирањето во женскиот фудбал.
Вики Клинчарова