Турската амбасада објасни зошто Турција нема да ги признава македонските дипломи

by fokus

Договорот за признавање на дипломите и уверенија за високо образование помеѓу Турција и Македонија е откажан поради неприфаќање на критериумите за признавање и еднаквост според стандардите, и тие ќе се спроведуваат според меѓународните договори, објаснија денеска од амбасадата на Турција.

-Договорот за признавање на уверенија и дипломи од високо, додипломско, постдипломско и докторско ниво, издадени во Република Турција и Република Македонија, потпишан меѓу нашата земја и Македонија на шести јуни 1998 година, е откажан во согласност со барањето на Советот за високо образование , поради несогласност со критериумите за признавање и еквивалентност според важечките стандарди, се вели во соопштението.

Турција пред две недели донесе одлука за раскинување на договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа.

Поврзани новости