Дваесет и седумгодишен неготинчанец со иницијали М.А. доби кривична пријава од полицијата, откако предизвика пожар во домот на неговите родители, и покрај судската забрана да се приближи таму.
Според информациите од МВР, синот и родителите имале нарушени односи, а тој повеќе пати им се заканувал и имал забрана за приближување.
И покрај забраната, тој го запалил домот на родителите.
-СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(27) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „загрозување на сигурноста”, две кривични дела „предизвикување општа опасност” и две кривични дела „неизвршување на судска одлука”. Пријавениот, во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка „забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот” од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар, соопшти МВР.