Негативни се тестовите на контактите од заразените во СЕП

by Fokus

Контактите на двајцата заразени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП) се тестирани и тие се негативни, но сепак ќе останат во изолација. Ова на денешната прес-конференција го соопшти вицепремиерот Бујар Османи кој раководи со ова тело.

„Јас не сум во близок контакт, но се тестирав и резултатот е негативен. Почнавме процес на реорганизација на работењето, дезинфицирање на целата зградата и функционирање во рамки на протоколите од Комисијата за заразни болести“, истакна Османи.

Поврзани новости