Негативни се и резултатите на последното лице кое беше тестирано на коронавирус

by fokus

Тестовите на лицето за кое попладнево се чекаа резултатите се негативни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

– Резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус, соопштуваат од Министерството за здравство.

Претходно негативни на присуство на коронавирус беа тестовите на двајца тестирани пациенти, еден возач на камион кој дошол од Северна Италија и една пациентка која допатувала од Рим.

Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.

– Пациентката, пак, кај која беше потврден коронавирус се чувствува добро, има лесна клиничка слика и нема посериозни компликации, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Поврзани новости