Град Скопје апелира граѓаните вечерва да не се движат и да не паркираат под дрвја

by fokus

Градот Скопје попладнево испрати апел граѓаните да бидат внимателни, поради навите за повторни врнежи и силен ветер.

-Согласно најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, апелираме до граѓаните:
да го избегнуваат движење по патеки поккриени со дрвја
-да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја
 Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме, апелираа од Град Скопје.

Поврзани новости