Негативни резултатите на лицата кои биле во контакт со позитивните сопружници од Кавадарци, сите остануваат во самоизолација!

by Fokus

-Резултатите од тестовите за корона вирус на сите лица од Кавадарци кои биле во контакт со заразените сопружници се негативни – информира Др. Диме Коцев, директор на ЈЗУ Кавадарци.

Сепак, овие лица остануваат во самоизолација поради дополнителна сигурност во период од 14 дена.

-Ја информирам јавноста дека во нашиот град се регистрирани два позитивни случаеви на вирусот, се работи за сопружници, од кои жената е вработена во нашата установа како психијатар. Тие се во стабилна здравствена состојба и се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје. На сите вработени и пациентите од невро – психијатриското одделение, кои биле во контакт со овие лица им се земени брисеви и резултатите се негативни. Во овој период на невро-психијатриското одделение не се вршат прегледи и прием на пациенти. Сите останати амбуланти и одделенија во болницата работат нормално – информира Коцев, кој додаде дека инвентарот и просториите во ЈЗУ Кавадарци се дезинфицирани.

Пред два дена од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, за ,,Фокус” потврдија дека 67 лица кои биле во контакт со сопружниците се тестирани. Во саботата биле земени 40 бриса, а во неделата уште 27.

Поголемиот дел на тестови биле направени на лица од ЈЗУ Кавадарци, но биле тестирани и други граѓани, надвор од болницата, со кои сопружниците имале контакт.

Според СВР Велес, во Кавадарци 305 лица се во самоизолација

Вики Клинчарова

Поврзани новости