Контроверзниот охридски бизнисмен и локален политичар, Нефи Усеини, денеска пцуеше и викаше кон новинарка на телевизија Телма, која го прашуваше за тендерите што ги добила неговата градежна фирма од општината, каде самиот Усеини е советник.
Фирмата Нефи ИК, на која Усеини е сопственик, а неговата сопруга управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, објави Телма.
Во телефонски разговор за телевизијата, Усеини прво велеше дека тој не е управител на компанијата, како и дека нема конфликт на интереси во случајот со тендерите. По ова, претседателот на локалниот огранок на ДУИ во Охрид почна со тешки зборови, навреди и пцости да ѝ вика на новинарката, која го снимала разговорот.
„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е, и што ве интересира… Какви конфликти на интереси има тоа со тендерите? И сега ги гласав тие тендерите? Ај *би си мајката, пи*ка ти матер и на тебе и на се, ајде *би се! Да ви *бам се. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба има во општина, немој да ми ѕвониш. Ок? “ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма.
Според Телма, Усеини со тендерите користи дупка, односно недореченост во законите, кои велат дека нема конфликт на интереси, доколку управител на фирмата не е самиот функционер.
Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот вчера го ослободи од обвинение за напад на сограѓанинот Спиро Топалоски, кој прво тврдеше дека е нападнат, за потоа да го смени исказот пред судот.