Неделкова: Врховниот суд донесе важна одлука, без никаква дискусија

by fokus

Врховната судијка Лидија Неделкова во Дневникот на 1ТВ изјави дека Врховниот суд без надлежност донел одлука во врска со Специјалното јавно обвинителство.

„Врховен донесе важна одлука без дискусија“, изјави Неделкова.

Едниствено таа дискутирала, но не сакаше да открие каков и бил ставот.

„Дискусија немаше никаква, освен мојата дискусија. Јас се произнесов, онака како што се произнесов, а никој друг не се произнесе и следеше гласањето. Без дискусија се донесе едно, условно кажано, вакво важно правно мислење на Врховниот суд. Претседателот се обиде да ја образложи одлуката, неговото образложение беше идентично како образложението на поднесителите на оваа иницијатива, двајцата адвокати за кои сите знаеме кои се . Тие имааат право да поднесат било каква иницијатива, меѓутоа, образложението е толкување на еден член од една одредба од законот за СЈО за кое впрочем Врховен суд нема надлежност“, изјави врховната судијка Лидија Неделкова.

Одлуката е обвзувачка за кривичниот совет на Врховниот суд.

„Доколку во иднина дојде до предмет што би значело од вакво правно прашање ќе биде обврзувачко да се постапува по ова правно мислење што не значи дека не може да се промени, бидејќи нели ништо не е вечно, па дури ни правното мислење“, изјави Неделкова за 1ТВ.

Поврзани новости