Неделкова: Судиите трпат притисоци низ разни форми и начини

by Фокус

Нападите врз судството и обидите за влијание и закани стануваат се повеќе препознатливи, но некои остануваат и невидливи, изјави претседателката на врховниот суд Лидија Неделкова.

-Судиите често се изложени на неофицијални влијанија и притисоци низ разни форми и начини – од носителите на политички функции кои посредно или непосредно може да влијаат на нивниот статус и кариера, од економски моќници, од непосредно заинтересирани поединци, посредници врз роднинска или колегијално-професионална основа – рече Неделкова.

Таа потенцираше дека судството не смее да биде предмет на политички маркетинг и дека судиите треба слободно и независно да ја вршат својата функција и никој не смее да влијае врз судијата при донесување на одлуките.

Поврзани новости