Неделков најави дека „мрднала“ работата помеѓу СОНК и МОН

by Fokus

Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за отворените прашања во врска со платите и колективните догвори во основното и средното образование.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков пред новата средба попладнево истакна дека очекуваат да се приближат со ставовите и,  како што рече, конечно да завршат позитивно преговорите.

-Оптимизмот постои од двете страни. Секако дека иделано решение не може да се најде, меѓутоа има простор за соодветно решение што ќе ги задоволи двете страни. Останува да видиме со какви резултати ќе излезме денеска. Ни остануваат уште неколку дена, но изгледно е и денеска да има позитивни сигнали за конечно решение, изјави Неделков.

Поврзани новости