Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Данела АРСОВСКА заглавена со сообраќајот
Баш ме изнервираа од МВР кога направија хаос со градските семафори
ама тоа е цената што ја плаќа секој што со (сообраќаен) режим се бори!
Јас велам БРТ да нема, но ќе одиме и на референдум, народот да каже,
плус паркирањето го поевтинив, да го видам СДСМ за тоа како ќе лаже!
Димитар КОВАЧЕВСКИ нов лидер на СДСМ
Вмровците веднаш рипнаа да ми ја чешлаат биографијата, дамки бараат,
велат сум ги фризирал податоците за образованието, абе шо се замараат!?
На секого може да му се најде влакно во јајце, дури и на човекот без коса,
но јас планирам нив ич не ги шишам, мојот лик е чист како утринска роса!
Радмила ШЕКЕРИНСКА контролор на летање
Ги видовте ли авионите на НАТО, како ниско над Скопје наше прелетуваат,
доказ дека сме и ние дел од клубот, од руска инвазија треба да нѐ чуваат!
На слична тема, не знам кој од новата влада ќе лета надвор, можеби и јас,
сѐ е под контрола, ако во НАТО бидам амбасадор, за кариерата ми е спас!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Крешник Бектеши и Васко Ковачевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.