590
Од 18 часот започна нов протест од Шарената револуција. Незадоволните граѓани се собираат на старото место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.
Денеска на чело на колоната демонстранти е двојазичен транспарент на македонски и на влашки јазик на кој пишува „Не за криминалот! Не за аболицијата!“. Натписот е и на влашки јазик во чест на сите Власи во Македонија и на нивниот празник денеска, односно Денот на Власите.