Врвот на ДПМНЕ во кафез, боја за Владата и Собранието

by Фокус 20:26
20:26

Денешниот протест од Шарената револуција беше во знакот на Денот на Власите, но и на стандардните барања: целосно укинување на аболицијата и оставка на претседателот кој ја донесе.  На чело на колоната демонстранти беше трансарент на кој на македонски и на влашки јазик пишуваше „Не за криминалците! Не за аболицијата“.

Откако се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, незадоволните граѓани отидоа пред Владата. Носеа и кафез во кој беа затворени кукли со ликовите на фукнционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат од страна на Специјалното јавно обвинителство. Фасадата на Владата беше обоена со импровизираниот катапулт.

- Advertising -

Од Владата, демонстрантите се упатија кон Собранието. И фасадата на Собранието беше повторно обоена, а за прв пат со катапултот ракуваше и една девојка.

 

ФОТО: НОВА ТВ ВЕБ