Не смее да има одмазда, мора да има правда! Правдата ќе задоволи сечија одмазда!

by lali 22:48
22:48

Многу сме блиску до новата реформска влада, два дена не делат од она што сите го чекавме и посакувавме, влада којашто како што вети, очекуваме и да работи. Влада за живот во Македонија, градејќи општество еднакво за сите.

Овие 11 години многумина беа жртви на прогон, на притисоци, заплашувани, малтретирани, апсени и затварани. Се затвараа и бизниси, се бркаа луѓе од работа и сето тоа со една цел „или си со нив, или си против нив“. Навистина ја разбирам целата ситуација на тие жртви, сум сочувствувал со нив и сум се борел за нив, а во многу моменти и јас сум бил дел од нив. Сите бевме изложени на неправди што не уназадуваа и што ни го одзимаа она кое го заслужуваме, правато на еднаквост и шанса за докажување и успех.

- Advertisements -

Ама и покрај се, одмазда не смее да има, но мора да има правда. Со правдата ќе биде задоволена сечија одмазда. И правдата ќе изгради нов систем на вредности, дека никој не смее да биде над законот и никој не смее да си поигрува со туѓите судибини. Во таа правда верувам и таа правда ја чекам, којашто долго време доцни, но на крај се надевам ќе пристигне и сите ќе не задоволи.

На крај во врска со одмаздата, ќе го парафразирам Махтма Ганди „Око за око ќе ја направи цела држава слепа!“

Влатко Васиљ

Поврзани новости