Пејачката и харфистка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, запловија во светот на моделството. Тие започнале соработка со италијанскиот бренд за долна облека Yamamay за нивната нова колекција есен/зима 2022, иако на почеток се двоумеле, бидејќи не се модели.
-Ме прашуваа како ќе сликаш, само што се породи?! Дечки, важно е ти како се чувствуваш. И каква енергија ти произведуваш. Останатото се прилагодува на првите две, порача Сара по повод остварената соработка со модниот бренд.
-Многу ми беше чудно кога ни се јавија од Yamamay дека сакаат ние да ја претставиме новата есен/зима колекција. Прво, затоа што не сме модели и второ, затоа што има далеку поспремни дечки од мене. Но, Yamamay не потсетија дека треба да се сакаме себе си и да ја споделиме љубовта со нашите најмили. Па затоа решивме заедно да ја споделиме нашата љубов и да ги охрабриме сите родители да се чувствуваат убаво во својата кожа. Ова е само почетокот на нашата Yamamay приказна, се надевам ќе ви се допадне – порача водителот.
Парот е во брак пет години, а се запознале кога Димитар и правел интервју на Сара за емисијата ,,Тротоар”. Имаат две деца, ќерката Илина и синот Кирил кого го добија летово.
Вики Клинчарова