Република Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања коишто постојат со Софија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија.
„Како што реков, ние не сме многу далеку од договор. Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е. Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него. Јас верувам дека тоа е возможно“, рече Заев.