Не се санкционираат лицата кои во „полициски час“ пријавуваат кривично дело

by Fokus

За време на ограничувањето на движење не се санкционираат лицата кои пријавуваат кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во врска со барањата што во јавноста беа изнесени од невладини организации, МВР информира дека граѓаните кои сакаат да пријават кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривично дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола.

Од МВР посочуваат дека институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.

Поврзани новости