Не постои можност за отповикување на Арсовска, тврди Славевески

by Fokus

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески појасни дека според нашата законска регулатива не може да биде отповикан некој градоначалник.

-Освен ако во одредени околности како тешко кривично дело или други околности. Од друга страна, тврдам дека во извесно време ќе гледаме практицирање прекумерна моќ. Пред се тука мислам за законските решенија за директорите на јавните претпријатија. Нема никаква опасност да зборуваме за безвластие. Советот на Град Скопје ќе продолжи да функционира, порача Славески во емисијата „Топ тема“.

Тој истакна дека не разговарале во партијата околу барањето оставка на Арсовска.

-Ако се испостави дека упадот во процесот на тендерот со пречистителната станица, ако имаме доказ, по закон можеме да бараме интервенција на органите на правосудството. Како претседател на Советот, ќе се трудам оние проекти во интерес на граѓаните, ќе ги поддржуваме, но госпоѓата Арсовска ќе ја нема комоцијата што ја имаше досега во однос на нашата советничка група, рече Славески.

Законот не предвидува можност за отповикување на градоначалници, распишување на предвремени избори за градоначалник се врши по неколку основи, но отповикување не е едно од нив.

Поврзани новости